• понеделник, 23 декември 2024

ФМУ и Филхармонија реагираат за поставување коридор за тешка механизација помеѓу нивните објекти

ФМУ и Филхармонија реагираат за поставување коридор за тешка механизација помеѓу нивните објекти

5 јануари 2024 

Факултетот за музичка уметност, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ и
Филхармонијата  најостро реагира на скандалозните активности за
узурпирање на јавниот простор помеѓу објектот на ФМУ, ДМБУЦ „Илија
Николовски Луј“ и Филхармонијата. Имено просторот околу двата објекта се оградува за вештачки да се создаде пат/улица за тешката механизација
која треба да го исфрли шутот од изгорениот обект на поранешната
Комерцијална банка. За таа цел ќе бидат исечени дрвата, ќе биде уништен
плочникот и ќе се доведе во прашање безбедноста на двата објекти. Ова не само што може да нанесе трајни последици во однос на безбедноста на
објектите, туку и целосно ќе го попречи функционирањето на овие
институции. Во подрумските простории кои се веднаш под овој отпеден
„коридор“  се држи настава. Последиците од можна хаварија односно
попуштање на слојот кој е предвиден за пешаци, а не за камиони се повеќе  од реални. Веќе се чувствува наршената статика во балетските сали кои се дел од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“.

Работите се во пол ек ( предпразнично)  што дополнително ја доведува во
прашање оправданоста и почитувањето на прописите кои се применуваат во оваа сфера.

Поради тоа најостро реагираме и бараме итно и неодложно стопирање на
градежните работи и почитување на основните норми на градење замајќи во предвид дека се работи за образовани институции т.е. за ученици и
студенти, за нивното здравје и нивната безбедност.

 

Факултетот за музичка уметност - Скопје и НУ Филхармонија

________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан