• недела, 22 декември 2024

Реакција на ФЗОРСМ на ревизорскиот извештај за тужби од странска болница

Реакција на ФЗОРСМ на ревизорскиот извештај за тужби од странска болница

Скопје, 20 јуни 2024

Се работи за осигуреници кои се упатени со решение на Фондот да се лекуваат во странската болница во 2016, 2017 и 2018 година, за што е изршено авансно плаќање согласно доставена профактура од самата болница. Во решението е наведено во која здравствена установа ќе се лекува осигуреникот, колкав период за болничко лекување се одобрува, колку парични средства се одобруваат според претходно издадената профактура од странската болница. Заедно со решението Фондот изготви и допис - известување до странската болница со кое информира дека е прифатена доставената профактура и дека доколку во текот на лекувањето се јави потреба од продолжување на болничкиот престој над одобрениот од страна на Фондот и/или потреба од дополнителни трошоци, Фондот треба да биде веднаш известен. Исто така со ова известување Фондот информира дека нема да бидат прифатени и платени трошоци кои не се однапред одобрени и дека фактурата од завршеното болничко лекување треба да биде доставена во рок од 30 дена од завршувањето на истото, со цел финансиско затворање на секој предмет поединечно.

Судските спорови произлегуваат поради тоа што странската болница не постапила по насоките дадени во известувањата на Фондот и за побарувањата за дополнителни трошоци го известил Фондот повеќе од две години подоцна, односно на почетокот на 2020 година, што не е во согласност со правната регулатива пропишана од Фондот. Со ваквото ненавремено постапување на болницата, довело до тоа Фондот и осигурените лица да немаат сознание сознанија за конечните трошоци од лекувањето за да можат да поведат постапка со барање за признавање на разликата од одобрениот аванс до конечните трошоци или тн. дополнителни трошоци од лекувањето.

Фондот навремено ги преземал сите потребни дејствија кои се во негова надлежност и ги упатил осигурените лица на лекување во странската болница. Додека во делот на финансиско-сметководствено затварање на плаќањата со болницата во тек се судски постапки.

Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (ФЗОРСМ)

Фото: МИА архива

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Остани поврзан