• четврток, 25 јули 2024

Реакција на Синдикалната организација при Министерството за култура на УПОЗ на соопштението на Министерството за финансии

Реакција на Синдикалната организација при Министерството за култура на УПОЗ на соопштението на Министерството за финансии

24 март 2023

По повод соопштението на Министерството за финансии со кое се информира дека во моментот се работи на изнаоѓање на одржливо системско решение кое ќе се однесува на целиот јавен сектор, Синдикатот на Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм ги поздравуваат сите законски решенија кои ќе придонесат кон квалитетни реформи во системот, како и кон соодветна валоризација на трудот на вработените. До донесувањето на овие решенија, бараме платите да се решат преку склучување на Колективен Договор со кој во демократска и транспарентна постапка се дефинира висината на платата. Затоа останува нејасно, зошто Министерството за финансии за себе создаде исклучок, односно зошто уредувањето на платите на вработените од Министерството за финансии е надвор од системот кој треба да важи за сите останати во јавниот сектор?!Зошто и тие не почекаа?!

Синдикална организација при

Министерството за култура на УПОЗ

ПРЕТСЕДАТЕЛ

м-р  Бранко Костовски

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан