• вторник, 25 март 2025

Реакција на НСС и Студентски пленум во врска со денешниот настан пред УКИМ

Реакција на НСС и Студентски пленум во врска со денешниот настан пред УКИМ

Скопје, 24 март 2025 

Во врска со неодамнешните прашања поврзани со присуството на медиумите на нашите пленарни седници, Пленумот сака да ја разјасни својата позиција.

Пленарните седници на Пленумот се внатрешни работни состаноци на студентите, на кои се дискутираат и се донесуваат одлуки кои се однесуваат на функционирањето на Пленумот. Овие седници не се јавни собири и имаат за цел да обезбедат простор за отворена и слободна дискусија помеѓу студентите.

Иако ја цениме улогата на медиумите во информирањето на јавноста, Пленумот одлучи да го ограничи присуството на медиумите на овие седници, со цел да се заштити приватноста на студентите и да се обезбеди непречено одвивање на работниот процес.

Сепак, Пленумот е посветен на транспарентност и ќе продолжи да ја информира јавноста за своите одлуки и активности преку официјални соопштенија и други канали за комуникација.

НСС/пленум

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан