• недела, 22 декември 2024

Реакција на министерот за правда Кренар Лога на изјавата на мандатарот за состав на влада Христијан Мицкоски

Реакција на министерот за правда Кренар Лога на изјавата на мандатарот за состав на влада Христијан Мицкоски

12 јуни 2024 

Почитуван мандатар

Среќата за да бидете премиер уште од 2020 ви беше меѓу Зајас и Мала Речица, понекогаш и седиштето Ви беше таму, односно како замрзнат имот пред суд. Можеби и бевте во право, но тогаш судбината, според Вашите луѓе, висеше во тие координации.

Почитуван г. Мицкоски,

Јас сум одговорен за Министерството за правда од 01.03.2023 и мојата одговорност е ограничена поради фактот што сите тие кадри со кои Вие спинувате, се вработени како дел од Вашето владеење од 2006-2017, некои од тефтерчето на Горде, некои од „сваровски“ судството кои Вие повеќе од една деценија си го изградивте. И за крај, судскиот систем уште не може да стане на нозе поради фактот на човекот на кој Вие му бевте генерален секретар, односно човекот кој Ве избра за да бидете претседател на ВМРО-ДПМНЕ. И милијардата евра од него ќе ви дојде, и првата официјална посета ќе биде од страна на неговиот чувар.

Министер за правда
Кренар Лога

фото: МИА архива 

____________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан