• четврток, 09 јануари 2025

Реакција на ДУИ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на ДУИ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 8 јануари 2025 

Откако нашата денешна реакција го разоткри планот на владата со моноетнички легитимитет за укинување на албанскиот јазик како службен, ВМРО-ДПМНЕ одговори со вообичаениот папагализам и пропаганда, ширејќи ја приказната дека ДУИ наводно се плаши од своето криминално минато.

Да бидеме кратки и јасни: сите кои прекршиле закон, без разлика на етничка припадност или партија, треба да одговараат!

Ние секогаш стоиме зад овој принцип и нема да браниме никого што го прекршил законот!

Но, не мислете дека со вакви закани и пропаганда ќе нè заплашите:

Кога станува збор за албанскиот јазик, за нашето достоинство и национален идентитет, ниту прогонот, ниту смрта не плаши. 

Можете да се обидете да ја криминализирате нашата борба за слобода и рамноправност, исто како што тоа го правеа некои минати режими, но не заборавајте: историјата секогаш покажала кој преживува, а кој завршува во срам!

Напаѓајте што сакате, но држете ги рацете подалеку од она што за нас Албанците е свето!

Рацете подалеку од албанскиот јазик!

ДУИ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

 

Остани поврзан