Реакција на Град Скопје на Коалицијата ВРЕДИ
- СООПШТЕНИЕ:
Скопје, 21 јули 2025
Градоначалничката на град Скопје секојдневно е мета на напади од страна на ВМРО ДПМНЕ кои со жив штит го бранат Висар Ганиу иако за истиот над 3000 страни цврсти докази за злосторничко здружување, фалсификати, перење пари и злоупотреба на службена должност и овластување се доставени до јавното обвинителство.
Поврзано со нападите оркестрирани од штабовите на власта, градоначалничката попладнево се огласи на социјалните мрежи
Толку им е незгодно што не смеат да му писнат на нивниот соработник Висар Ганиу, затоа секојдневно ме напаѓаат бидејќи народот гледа и реагира дека не постапуваат против криминалот.
Денес му напишале 3 реченици на еден во штаб да ги прочита против мене, а Изет Меџити на Канал 5 го викнале на поправно интервју бидејќи на претходното излажа дека сум го тепала командант Барути. Да видиме вечер што ќе измисли. Подгответе се за нежно интервју без вистинските прашања.
Најголемата опасност за јакиве лидери е една жена сама наспроти сите нив. Бидејќи сега “се разбудив”, да прашам додека “спиев” да не ги уапсија криминалците од ДУИ и Заев.
https://www.facebook.com/share/p/16t2VR6U8v/?mibextid=WC7FNe
Одделение за односи со јавност
Град Скопје
_____________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки