• недела, 22 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес - конференцијата на Васко Кичевски

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес - конференцијата на Васко Кичевски
Скопје, 6 ноември 2022 Многу ни е жал што СДС нема отчет за ниту една општина каде се власт. Нема отчет ниту за Центар, ниту за Струмица, ниту за Делчево, Берово и останатите општини. Ако имаа отчет ќе можевме да се споредиме во сработеното, наместо да се служат со лаги и манипулации. За она што не е сработено за Град Скопје може да и се обратат на Данела Арсовска на една од многуте тајни средби кои ги имаат каде и даваат поддршка. Токму нејзината неработа е главната причина за губење на поддршката од ВМРО-ДПМНЕ. Причината зошто СДС се насочува кон Град Скопје а не општините раководени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е поради тоа што и СДС знае дека во тие општини има сработено многу проекти. Што се однесува за сработеното на ВМРО-ДПМНЕ тоа го потврдуваат проектите, училиштата, улиците, булеварите, градинките кои се градат, а се во износ од над 120 милиони евра. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан