• петок, 05 декември 2025

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Филипче: Растот на просечната нето-плата откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт е околу 10 проценти

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Филипче: Растот на просечната нето-плата откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт е околу 10 проценти

Скопје, 29 август 2025

Венко Филипче вечерва докажа дека сонцето дефинитивно му удрило во глава во текот на овој месец додека се движеше на релација јахта-копно, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на претседателот на СДСМ Венко Филипче, што МИА го пренесува интегрално. 

Овој пат нема да му сметаме колку пари потршил, иако останува прашањето како може да си дозволи луксузен одмор во траење од месец дена.

Филипче покажа дека добро му одат само лагите, поточно опколен од толку луксуз и сонце се му се поматило.

Или се му е последица од предолгото одмарање и сончање. Па така еве само ќе го потсетиме на неколку бројки. 

Растот на просечната нето-плата откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт е околу 10 проценти, а кога СДС беше на власт просечната плата порасна за околу 8 проценти. Потоа порастот на реалната плата во овој период откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт е скоро 7 отсто, за разлика од оние 3.5 отсто од периодот на владеење на СДС. Или ова кажува едно стандардот на граѓаните сега е поголем од времето кога СДС беше власт.

Една порака до Филипче, нека се гледа себе си, кадрите од другар му Зоран Заев, нека мисли на консолидација на редовите на СДС, ако воопшто може. 

Во меѓувреме, на граѓаните им е многу јасно што прави ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го покажаа лани, а тоа ќе ги покажат и на 19 октомври.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 

ФОТО: Архива 

Остани поврзан