• петок, 26 јули 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Стево Пендаровски на Телма

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Стево Пендаровски на Телма

12 октомври 2023 

Добро е што Пендаровски призна дека уставни измени не се можни, а добро е и да и сугерира на власта да излезе на избори.

Со признанието на Пендаровски стана јасно дека СДС и ДУИ се свесни дека уставни измени нема да има, и дека ја замајуваат јавноста само за да нема избори.

Пендаровски призна и дека власта освен за промена на устав, друго и не работела.

Во однос на кривичниот законик Пендаровски уште еднаш покажа дека морал да потпише тоа што му кажале Ковачевски и Ахмети, па како и се до сега Пендаровски има свој став, се додека поинаку не му наложат Ковачевски и Ахмети.

Жално е да се гледа Пендаровски кој всушност е носител на позицијата Претседател на Македонија, како талка во ставовите. Очигледно е дека одамна ниту на Водно, ниту на Илинденска нема капетан на бродот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан