Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на министерот Османи
- Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат за изјавите на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за неговата изјава во вечерашното телевизиско гостување околу уставните измени.
Скопје, 6 јули 2023
Бујар Османи не само што има кошмари, туку станува и опседнат, пратеници за уставни измени во ВМРО-ДПМНЕ нема.
Очигледно во ДУИ предизвикале трауми скандалите за милионските бизниси на Дрин, Бесиан и Шкумбин Ахмети, па Османи почна да повторува изјави од пред една година.
Нека се свести Османи, не е ниту 2017, ниту 2018, ниту 2019 година. ДУИ и СДС се целосно развластени, фатени во криминал до гуша, а од одговорност не ги спасува никој.
СДС и ДУИ се единствено одговорни за сите криминали, корупција и хаос во кои тоне државата, а за кои нотираат и сите меѓународни организации, а последно дојде и од Стејт Департментот со ставањето на Мерко на црна листа.
ДУИ и СДС треба што поскоро да си заминат од власт.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.