Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ
- Земјоделството во Македонија поради неспособноста на Владата е во колапс.

Скопје, 26 јуни 2022
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Земјоделството во Македонија поради неспособноста на Владата е во колапс.
Веќе ниту еден земјоделец не верува во лажните зборови на СДСМ.
„Успешните“ политики на СДСМ и Љупчо Николовски ја доведоа Македонија до ситуација да се моли кај соседите за храна. Власта Македонија од извозно ориентирана ја направи во увозно зависна држава за храна.
И по изгласувањето на измените во законот кој немаше никаква врска со субвенциите, на власта и беше потребно скоро цел месец да започне со исплата на истите. А, со тоа самo неспособната Влада докажа дека нема пари во буџетот.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промени ваквите практики во земјоделието. По промената на власта владата ќе се насочи на помош и решавање на проблемите на вистинските земјоделци.
_________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.