Реактор во нуклеарна централа во Швајцарија исклучен поради топла речна вода
- Еден од реакторите во нуклеарната централа Безнау, близу германската граница во Швајцарија, е исклучен поради топла речна вода, соопшти денеска операторот Акспо.
Берн, 2 јули 2025 (МИА) – Еден од реакторите во нуклеарната централа Безнау, близу германската граница во Швајцарија, е исклучен поради топла речна вода, соопшти денеска операторот Акспо.
Вториот реактор работи со половина капацитет.
Мерките се со цел да го заштитат екосистемот на реката Аре, во согласност со строгите еколошки регулативи.
„Прекумерното затоплување на веќе топлиот водотек треба да се спречи за време на жешките летни периоди, за да не се врши дополнителен притисок врз флората и фауната“, соопшти Акспо.
Реката обезбедува вода за ладење за нуклеарната централа, која потоа се враќа во реката со малку повисока температура.
Двата реактори во Безнау почнаа со работа во 1969 и 1971 година, што ги прави едни од најстарите нуклеарни централи во светот кои сè уште се во функција. јт/
Фото: ЕПА архива