Рајндерс останува во Милан до 2029 година
- Неколку европски гиганти покажуваат сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тијани Рајндерс.

Милано, 29 декември 2024 (МИА) - Неколку европски гиганти покажуваат сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тијани Рајндерс.
Тој игра фантастично за Милан и стана лидер на холандската репрезентација, па го привлече вниманието на многу европски тимови.
Милан не сака да се откаже од својата ѕвезда и започна преговори за продолжување на соработката.
„Црвено-црните“ му понудија значително зголемување на платата.
Рајндерс е среќен во Милан и наскоро ќе потпише договор со „росонерите“ до 2029 година, пишуваат медиумите во Италија. дс
Фото: Х/Милан