• петок, 05 декември 2025

Рафиња: Мојот сон е да играм за Барселона до крајот на кариерата

Рафиња: Мојот сон е да играм за Барселона до крајот на кариерата

Барселона, 23 мај 2025 (МИА) - Бразилецот Рафиња, кој ја врза својата професионална иднина со Барселона до 2028 година, изјави дека ќе даде сè од себе за клубот. 28-годишниот офанзивен фудбалер постигна 34 гола и имаше 22 асистенции во 56 натпревари за каталонскиот гигант во сезоната 2024/2025.

Бразилецот призна за шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ дека одлуката да го продолжи договорот за уште една година била лесна бидејќи ја чувствува довербата на клубот.

-Чувствувам дека клубот и одговорните лица во него веруваат во мене, а ова е многу посебно за мене. Среќен сум што ќе бидам еден од вас уште една година. Ќе дадам сè од себе за тимот на тренинзите и на натпреварите. Се надевам дека ќе продолжам да им носам радост на нашите навивачи. Мојот сон е да бидам тука до крајот на кариерата и да настапувам на највисоко ниво, изјави фудбалерот по тој повод. дс

Фото: Архива

Остани поврзан