• вторник, 14 мај 2024

Расчистени наносите на патот до Криволак

Расчистени наносите на патот до Криволак
Неготино, 2 септември 2022 (МИА) - Расчистени се наносите на патот до селото Криволак, кои беа создадени по обилните врнежи од дожд синоќа, информираше денеска градоначалникот на неготино Горан Стојанов. - Синоќашните обилни врнежи од дожд предизвикаа создавање на големи наноси на повеќе локации на патниот правец Неготино-Криволак, што придонесе за отежнато одвивање на сообраќајот на овој пат и движење на пешаците. Со цел за расчистување на наносите, од утрово на терен беа екипи од општина Неготино и ЈП Комуналец, коишто со механизација и работна рака беа ангажирани на расчистување на наносите, соопшти градоначалникот. Стојанов додаде дека по извршената интервенција, овој патен правец е оспособен за непречено одвивање на сообраќајот и е вратен во првобитната состојба. свд/цр

Остани поврзан