• недела, 22 декември 2024

Расчистена тешка кражба во Битола, приведен крадецот битолчанец

Расчистена тешка кражба во Битола, приведен крадецот битолчанец
Битола, 21 ноември 2022 (МИА) - Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола вечерва го лишиле од слобода Б.В. (23) од Битола поради сторено кривично дело тешка кражба. Стганува збор за кражба извршена на 19 октомври во Националната установа Центар за култура-Битола, каде беше предизвикана и поголема материјална штета. Од СВР-Битола вечерва информираа дека Б.В. го признал делото и по документирање на настанот ќе следува кривична пријава. мт/ки/

Остани поврзан