• сабота, 20 јули 2024

Расчистена кражба на возило, приведен крадецот, возилото вратено на сопственикот

Расчистена кражба на возило, приведен  крадецот, возилото вратено на сопственикот
Скопје, 13 октомври 2021 (МИА) - Полициски службеници вчера привеле скопјанец за крадење патничко возило со скопски регистарски ознаки, информира Министерството за внатрешни работи. - Вчера во 14:45 часот на ул.„Крушевска Република“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле до слобода Ф.Т.(22) од Скопје поради сомнение дека на 09.10.2021 на ул.„Народни херои“ одзел патничко возило „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(30) од Скопје. Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото. Возилото било пронајдено и по консултација со Јавен обвинител било вратено на сопственикот, посочуваат од МВР. По целосно документирање на случајот против Ф.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. фф/дма/

Тагови

Остани поврзан