• четврток, 06 март 2025

Расте популарноста на Серија А во САД

Расте популарноста на Серија А во САД


Рим, 5 март 2025 (МИА) – Италијанската Серија А станува се попопуларна во Соединетите Американски Држави (САД), објавија денеска италијанските медиуми, наведувајќи дека гледаноста на телевизиски преноси од калчолигашките натпревари е зголемен за 50 отсто.
Телевизиските преноси од натпреварите и специјализираните емисии за Серија А во САД се достапни преку платформите на мрежата CBS ТВ и на каналот FOX Deportes.
Оваа сезона веќе се емитувани илјада часа програма.
За популарноста на италијанскиот фудбал значително придонесува и големата италијанска заедница во САД, која брои околу 18 милиони.
Раководството на Серија А изминатата недела во Њујорк ја прослави зголемената гледаност во САД, а на настанот присуствуваа и еден од најдобрите италијански играчи од средниот ред на сите времиња, Андреа Пирло и светскиот шампион од 2006 година, Марко Матераци.
„Имајќи предвид дека играв за Њујорк Сити, од прва рака можам да потврдам дека има голема страст за италијанскиот фудбал. Преносите на натпреварите од Серија А постигнаа висока гледаност, импресивно е колку порасна популарноста на италијанскиот фудбал во САД“, изјави Пирло. ег
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан