• понеделник, 23 декември 2024

Расте бројот на починати од Ковид-19 во Иран, излекувани околу 300 лица

Расте бројот на починати од Ковид-19 во Иран, излекувани околу 300 лица
Техеран, 2 март 2020 (МИА) - Најмалку 66 луѓе починаа од Ковид-19 во Иран, соопшти денеска Владата во Техеран. Според Министерството за здравство, во последните 24 часа починале 12 луѓе. Во соопштението од Министерството се вели дека со новиот коронавирус се заразиле 1.501 луѓе, што е зголемување за 523 случаи во споредба со бројките во неделата. Во исто време, Министерството објави дека 291 пациент биле отпуштени од болница откако биле успешно излекувани од болеста. јт/

Тагови

Остани поврзан