• петок, 22 ноември 2024

Расправата за ребаланс на Буџетот продолжува утре

Расправата за ребаланс на Буџетот продолжува утре
Скопје, 13 јуни 2022 (МИА) - Комисиската расправа во Собранието за ребалансот на Буџетот за 2022 година продолжува утре во 11 часот. Во денешната расправа пратениците од опозицијата и власта останаа со спротивставени ставови. Според пратениците од власта, со ребалансот се проектираат повеќе средства од буџетот за поддршка на стандардот на граѓаните и се поддржува економска активност, а од опозицијата остануваат на ставот дека буџетот е несоодветно димензиониран и се полни единствено на грбот на граѓаните. Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ребалансот е задоцнет и дека Владата требаше поефикасно и понавремено да реагира, имајќи ја во предвид и војната и генерално сите ефекти кои подоцна дојдоа како економски неповолни. - Очекувавме понови моменти во Буџетот, но за жал ништо ново. Станува збор за најрасипнички буџет досега, бидејќи е најголем во историја на економијата, но и најобемен во делот на буџетскиот дефицит. Според него, Владата треба да пристапи со помалку оптимизам а повеќе реалност, за да имаат помалку разочарувања од граѓаните. - Мерките што ги укина Владата молчејќи, а кои истекоа поради временски рокови но и неприфаќајќи ги предлозите од опозицијата и од граѓаните остава вакуум простор во кој нашата држава е единствената земја во регионот, а можеби и во Европа, која моментално на сила нема никакви ефективни антиинфлациски мерки. Вакво зголемување на буџетски дефицит не може да се каже дека е кратење на непродуктивни трошоци, ако се земе ставка стоки и услуги скоро никаде нема кратење. Не е буџет кој штеди, туку е буџет кој троши, додаде пратеникот Петрушевски. Според пратеникот Бедри Фазли од ДУИ, во услови на енергетска криза и зголемување на цените на глобално ниво, одново реконструираниот буџет ќе обезбеди поголема заштита на граѓаните, особено на социјално загрозените граѓани, но и финансиска поддршка и ливкидност на компаниите. Исто така, како што рече, со зголемување на минимална плата и со зголемување на пензиите ќе се ублажат ефектите од ценовниот шок. бт/нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан