Распишан конкурсот за државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” за 2021 година
- Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” во 2021 година, распиша конкурс за доделување на наградата со која што се оддава признание за остварувања од областа на п

Скопје, 30 септември 2021 (МИА) - Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” во 2021 година, распиша конкурс за доделување на наградата со која што се оддава признание за остварувања од областа на публицистиката и новинарството.
Како што информираат од Министерството за култура, конкурсот трае од 1-ви до 31-ви октомври 2021 година.
Конкурсот е достапен и на веб - страницата на Министерството за култура. ар/лв/