• недела, 22 декември 2024

Распит во Конгресот на САД за зачестените напади врз лицата со азиско потекло

Распит во Конгресот на САД за зачестените напади врз лицата со азиско потекло
Вашингтон, 18 март 2020 (МИА) - Само два дена откако во сојузната држава Џорџија беа убиени шест жени со азиско потекло, во Претставничкиот дом на американскиот Конрес се водат распити во кои законодавачи, професори и актерот Даниел Де Ким, изјавија дека азиската заедница во САД е потресена од зачестените напади годинава на луѓето со азиско потекло, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Според експертите, ова е поврзано со пандемијата на коронавирус, што се прошири од Кина, а многу Американци вирусот го нарекуваат „кинески вирус“ или „кинеска чума“.   Распитите се водат пред поткомитетот на Комитетот за правосудство за устав, граѓански права и слободи. Тие беа планирани уште пред нападите во вторникот, а поврзано со избликот на насилство засновано на омраза кон Американците со азиско потекло.   Според Центарот за истражување на омразата и екстремизмот, бројот на такви инциденти во 2020 година во 16 големи градови пораснал за 149 отсто, споредбено со 2019 година.  Според експертите, ова е поврзано со пандемијата на коронавирус, а многу Американци, меѓу кои и поранешниот претседател Доналд Трамп, вирусот го нарекуваат „кинески вирус“ или „кинеска чума“.  Претседателот на поткомитетот, Стив Коен истакна дека пандемијата само ги засилила скриените антиазиски предрасуди кои ги имало во Америка и пред тоа.  Актерот Даниел Де Ким, познат по улогите во телевизиските серии „Изгубени“ и „Хаваи 5.0“, ги повика законодавачите да поднесат закон за финансирање на организации кои консултираат жртви на напади засновани на омраза и да се подобри собирањето податоци за такви злосторства.  Претседателот на САД, Џо Бајден утре ќе има средба со лидерите на азиско-американската заедница во Атланата, Џорџија, каде во вторникот се случи осумкратното убиство на седум жени и еден маж, од кои шест се со азиско потекло.  Убиецот, 21 - годишен бел маж, веднаш беше фатен од полицијата и призна дека злосторствата не ги сторил од етничка или расна омраза. кб/ 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан