• петок, 05 јули 2024

Расел: Сè уште имаме шанси да ја освоиме титулата - не гледам причина да размислувам поинаку

Расел: Сè уште имаме шанси да ја освоиме титулата - не гледам причина да размислувам поинаку
Лондон, 30 јуни 2022 (МИА) - Возачот на Мерцедес Џорџ Расел изјави дека не ја исклучува можноста да се натпреварува за шампионската титула во тековната сезона во Формула 1. И покрај тоа што беше значително зад Ред Бул и Ферари во првиот дел од сезоната, Расел успеа да освои 111 бодови и севкупно е четврти - 64 бода зад лидерот Макс Верстапен. - Позициите на Макс изгледаат отпорни на куршуми, но ситуацијата може да се промени многу брзо. Ако можеме да најдеме начин да забрзаме, а Ферари исто така ќе додаде, тогаш кој знае како ќе заврши борбата? Можеби Мерцедес ќе има 1-2, Ферари 3-4, а Ред Бул 5-6. Имаме ли уште шанси за титулата? Се разбира, не гледам причина да размислувам поинаку, рече Расел. Следната трка од Ф-1 шампионатот ќе се вози в недела од 16 часот за Големата награда на велика Британија. зс/

Остани поврзан