• недела, 22 декември 2024

Расел може да биде подготвен за средбата со Клиперс

Расел може да биде подготвен за средбата со Клиперс
Сан Франциско, 9 јануари 2020 (МИА) - Според тренерот на Голден Стејт вориорс, Стив Кер, до скоро повредениот Д'Анџело Расел може да се врати на теренот веќе в сабота за средбата со Лос Анџелес клиперс. Расел пропушти пет натпревари во низа поради повреда на рамото. Со тренинзи продолжи во вторникот. Голден Стејт оваа сезона постојано се соочува со повредени играчи. Екипата која до пред две сезони беше во врвот на НБА лигата, сега е меѓу најслабите. зс/  

Остани поврзан