• четврток, 12 јуни 2025

Раниери одби да биде селектор на Италија

Раниери одби да биде селектор на Италија

Рим, 10 јуни 2025 (МИА) - Клаудио Раниери ја одби понудата да стане нов селектор на италијанската фудбалска репрезентација.

Од оваа функција претходно беше разрешен Лучијано Спалети. Натпреварот против Молдавија (2:0) во квалификациите за СП 2026 година, кој се одигра вчера, беше последен за 66-годишниот стручњак како селектор на италијанската репрезентација. Тој ја водеше репрезентацијата од 2023 година.

- Му благодарам на претседателот на Италијанската фудбалска федерација Габриеле Гравина за оваа можност, голема чест, но размислував и решив во целост да и останам на располагање на Рома на мојата нова позиција, изјави Раниери за „La Gazzetta dello Sport“.

Раниери беше тренер на Рома во 2024/25 година. Во моментов 73-годишниот Италијанец е советник на управниот одбор во римскиот клуб. 

Во различни периоди од неговата тренерска кариера, тој ги предводеше и Каљари, Јувентус, Наполи, Фиорентина, Интер, Монако, Челзи, Фулам и други тимови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан