• недела, 22 декември 2024

Рангник нов селектор на Австрија

Рангник нов селектор на Австрија
Виена, 29 април 2022 (МИА) - Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник е назначен за селектор на австриската фудбалска репрезентација, информираат од прес-службата на националниот тим. Шеесет и тригодишниот Германец ќе ја преземе функцијата на крајот на мај кога ќе почнат подготовките за натпреварите од Лигата на нации против Хрватска, Данска и Франција. Договорот со Рангник е на две години. Доколку австриската репрезентација се пласира во последната фаза на Евро 2024, договорот автоматски ќе биде продолжен за две години - до Светското првенство во САД во 2026 година. Австрија не се квалификуваше за Светското првенство во 2022 година, губејќи од Велс во плејофот. Да потсетиме дека Рангник на крајот од сезоната ќе ја напушти функцијата главен тренер на Манчестер јунајтед. Неговото место ќе го заземе Ерик тен Хаг. зс/

Остани поврзан