• недела, 22 декември 2024

Рангник: Не жалам што дојдов во Манчестер Јунајтед

Рангник: Не жалам што дојдов во Манчестер Јунајтед
Манчестер, 16 април 2022 (МИА) – Германскиот 63-годишен стратег и привремен тренер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, изјави оти не жали поради тоа што дошол на „Олд Трафорд“. Под негово водство Јунајтед има турбулентна сезона и во моментов е седмопласиран во Премиер лигата, шест бодови зад четвртото место кое носи пласман во Лигата на шампиони. Во последните четири натпревари Јунајтед освои четири бодови, а незадоволството на навивачите е сè поголемо. - Нималку не жалам поради тоа што дојдов во Манчестер јунајтед. Времето да се врати повторно би го направил истото. Секако дека како тренер постојано се прашувам дали можев да сторам повеќе. И можев, но не жалам поради одлуката да дојдам во голем клуб, изјави Рангник. - Навивачите ни се потребни, но тоа е стара приказна за давање и земање. Мораме да им понудиме нешто за да бидат со нас. Се надевам дека во претстојните натпревари ќе им дадеме повод со сите сили да бидат покрај играчите и својот клуб, додаде германскиот стратег, кој на крајот од сезоната ја напушта клупата на Манчестер јунајтед, но останува во структурите на клубот. ег/паг/

Остани поврзан