• недела, 22 декември 2024

Рангник ги покани судиите од Премиер лигата да тренираат со клубовите за да можат подобро играчите да ги запознаат

Рангник ги покани судиите од Премиер лигата да тренираат со клубовите за да можат подобро играчите да ги запознаат
Лондон, 29 март 2022 (МИА) - Англиските судии може да почнат да одржуваат заеднички тренинзи со клубовите и играчите. Оваа идеја на состанокот на тренерите со шефот на англиските судии, Мајкл Рајли, ја предложи тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник. Според него, тоа ќе им овозможи на играчите подобро да ги запознаат судиите. Останатите тренери го поддржаа предлогот на германскиот фудбалски стручњак. Судиската организација наскоро ќе го разгледа овој предлог. Можно е да биде одобрен до стартот на следната сезона. зс/

Остани поврзан