Рамов: Кавадарци ќе добие отсек медицинска сестра во средното образование
- Кавадарци ќе добие отсек медицинска сестра во средното образование, најави денеска претседателот на општинскиот Совет доктор Стојанче Рамов, на седница во општинската зграда.

Кавадарци, 13 март 2025 (МИА) - Кавадарци ќе добие отсек медицинска сестра во средното образование, најави денеска претседателот на општинскиот Совет доктор Стојанче Рамов, на седница во општинската зграда.
- Баравме отсек медицинска сестра, нашето барање помина на комисија за стручно образование при Министерството и останува само уште указ да потпише министерката за образование и наука Весна Јаневска. Очекуваме тоа да се случи до крајот на овој месец, појасни Рамов за МИА.
Тој истакна дека јавноста го поздравува ова и дека е за општа добробит. свд/сст/
Фото : МИА