Рамов: Во буџетот на Кавадарци милион и пол денари за поддршка на здравствената заштита
- Во буџетот за 2026 година на Општина Кавадарци, има финансиски средства од милион и пол денари, од кои милион и двеста илјади денари за Општата болница Кавадарци за сервис на најмногу употребуван апарат, сто илјади денари за организирање симпозиуми по барање на приватни стоматолози, а околу 200 илјади, за првпат, за здружение за дијабетичари, формирано со цел превенција од дијабет.
Кавадарци, 4 јануари 2026 (МИА) - Во буџетот за 2026 година на Општина Кавадарци, има финансиски средства од милион и пол денари, од кои милион и двеста илјади денари за Општата болница Кавадарци за сервис на најмногу употребуван апарат, сто илјади денари за организирање симпозиуми по барање на приватни стоматолози, а околу 200 илјади, за првпат, за здружение за дијабетичари, формирано со цел превенција од дијабет.
За ова информира претседателот на кавадаречкиот општински Совет, доктор Стојанче Рамов.
- Овие финансиски средства се и тоа како важни за здравствената заштита на нашата територија, опфатени се и примарната и секундарната здравствена заштита, подвлекува тој.
Регионалната Општа болница со проширена дејност Кавадарци, покрива четири општини, се грижи за пациентите од кавадаречка, неготинска, росоманска и демиркаписка територија. Но, по потреба, како што велат од болницата, здравствено згрижуваат и пациенти од други региони. свд/вг/
Фото: МИА Архива