• недела, 18 јануари 2026

Рама по поканата на Трамп за учество на Одборот за мир: Ќе направам сè за да го возвишам името на нашата земја

Рама по поканата на Трамп за учество на Одборот за мир: Ќе направам сè за да го возвишам името на нашата земја

Тирана, 18 јануари 2026 (МИА) - Премиерот Еди Рама денеска го објави текстот на писмото што го добил вчера од претседателот на САД, Доналд  Трамп, кој лично го поканил да ја претставува Албанија во Одборот за мир за Појасот Газа.

Заблагодарувајќи им се на Албанците за привилегијата на доверба што му ја дадоа на изборите, премиерот уверува дека „ќе направам сè што е потребно за да го возвишам името на Албанија и достоинството на Албанците“.

Одборот за мир е нова меѓународна организација замислена од претседателот Трамп, каде што Албанија е поканета како член-основач.

„Нашето достигнување обединува истакната група нации подготвени да ја преземат благородната одговорност за градење траен мир, чест, резервирана за оние кои се подготвени со пример и умешност да се посветат на безбедна и просперитетна иднина за идните генерации. Во блиска иднина, ќе ги собереме нашите прекрасни и посветени партнери, од кои многумина се високо почитувани светски лидери", се вели, меѓу другото, во писмото на претседателот Трамп.

Тој во четвртокот објави формирање на „Одбор за мир“ за Појасот Газа.

-Во Одборот ќе бидат и поранешниот британски премиер Тони Блер, државниот секретар на САД Марко Рубио, специјалниот пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф и зетот на Трамп Џаред Кушнер, поранешниот специјален пратеник на ОН Николај Младенов, милијардерот Марк Роуан, претседателот на Светската банка Аџај Банга и заменик-советникот за национална безбедност на САД Роберт Габриел, објави АТА. вт/зш/

 

Остани поврзан