• среда, 25 декември 2024

Рама: Нема одржливо решение за израелско-палестинскиот конфликт додека Хамас е дел од сликата

Рама: Нема одржливо решение за израелско-палестинскиот конфликт додека Хамас е дел од сликата

Тирана, 25 декември 2024 (МИА) – Премиерот Еди Рама изјави дека Албанија цврсто верува во решение две држави за израелско-палестинскиот конфликт, притоа изразувајќи убедување дека „не е можно одржливо решение сè додека Хамас е дел од сликата“.

На традиционална предновогодишна вечера со претставниците на дипломатскиот кор акредитиран во Албанија, Рама посакал Новата година да донесе мир меѓу Израел и Палестина.

- Исто така, искрено се надевам дека Новата година ќе донесе мир меѓу Израел и Палестина, што ќе стави крај на бескрајното страдање на народот во Газа, а исто така и на шокантното искушение на заложниците, кои сè уште се држат во темнината на средновековните подруми на Хамас, посочи Рама. вт/ми/

Остани поврзан