• сабота, 22 март 2025

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

Тирана, 21 март 2025 (МИА) - Албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, изјави дека денес Албанија има реална можност да стане членка на ЕУ.

Обраќајќи се на промоцијата на кандидатите за пратеници во Тирана за парламентарните избори, на 11 мај, Рама рече дека „ова е нешто што го немавме пред извесно време, и покрај фактот што ги завршивме нашите обврски за членство во ЕУ, и покрај фактот што Европската комисија трипати по ред потврди дека Албанија ја заврши својата работа и три пати по ред побара да се отворат преговори со Албанија, но секогаш се наоѓаше некоја земја која велеше не. Ние сакавме, тие не".

-Но, јас, кој сум сведок на многу нешта во овој процес, како никогаш досега за кој сега зборуваме, не го видов тоа што го гледам денес, а ја гледам нивната желба тоа да се случи, Албанија да биде членка на ЕУ, рече тој.

Но, според него, Европа се шири и поради оваа причина има само две земји кои можат брзо да се приклучат, Албанија и Црна Гора.

-За сите оние кои ги следат вестите, ЕУ ќе се прошири бидејќи светот е во друга ситуација, работите се разнишани и потребно е репозиционирање. Како Албанци, наше е да направиме се за да влеземе на вратата за проширување на ЕУ. За прв пат ѕвездите на нашата судбина и на Европа се заедно. Тие сакаат, сакаме и ние. Албанија да биде во ЕУ. Вратата за проширување е отворена и нема да остане отворена засекогаш. Мораме да му дадеме јасна порака. Дека СП што е денеска во владата не мрда од власта. Не треба да има флуктуации. Тоа е историска грешка ако не се разбере. Може да има големо жалење. На 11 мај поминува возот на историјата, не за СП или 71 мандат, туку за затворање на преговорите и влез на Албанија во ЕУ во оваа деценија, порача Рама. вт/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан