• четврток, 13 март 2025

Рама и Шмигал разговарале за одбранбената соработка

Рама и Шмигал разговарале за одбранбената соработка

Тирана, 12 февруари 2025 (МИА) - Украинскиот премиер Денис Шмигал и неговиот албански колега Еди Рама разговарале за одбранбената соработка и зголемениот притисок на санкциите врз Русија, вклучително и напорите за спротивставување на руската „флота во сенка“.  

Терминот „флота во сенка“ обично се користи за да се однесува на танкери што се користат за заобиколување санкции и/или други ограничувања на трговијата со нафта и нафтени деривати.

- Шмигал ја изразил својата благодарност до Албанија за обуката на украински воен персонал. Шмигал особено истакна дека Украина очекува да продолжи и прошири оваа програма во согласност со договорот за долгорочна соработка и поддршка потпишан во јануари, објавија албанските медиуми.

Шмигал и Рама разговарле и за прашањето за изведување на Русија пред лицето на правдата.

Украинскиот премиер го поздравил отворањето на албанската амбасада во Киев. Според него, овој настан ќе помогне да се зајакне соработката меѓу Украина и Албанија на сите нивоа.

-Ја цениме поддршката на Албанија за иницијативите во корист на Украина, како и идното членство на нашата земја во ЕУ и НАТО. Ви благодариме за сета помош дадена по целосната инвазија на Русија, додал тој. вт/
фото ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан