• среда, 25 декември 2024

Рама за „Шпигел“: Ако муџахедините сакаат војна, мора да ја напуштат Албанија

Рама за „Шпигел“: Ако муџахедините сакаат војна, мора да ја напуштат Албанија

Тирана, 30 јуни 2023 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за Шпигел изјави дека муџахедините не можат да ја користат Албанија за да се борат против иранскиот режим.

- Припадниците на МЕК  во нашата земја се сместени повеќе години. Добредојдени се, но под услов да не ја користат Албанија како платформа за нивните политички операции. Нашите ирански гости постојано го прекршуваа овој договор. Поради тоа беше и полициската контрола во кампот кај Драч, изјавил Рама.

Според него „Албанија нема намера да војува со иранскиот режим и не прифаќаме никого што го злоупотребил нашето гостопримство".

На прашањето зошто се согласиле на барањето на американскиот претседател Барак Обама да прифатат илјадници муџахедини Рама вели дека тоа била операција за спасување животи.

- Ги отворивме вратите затоа што групата, која тогаш дејствуваше од Ирак, беше систематски следена. И ако некој пријател како САД ни побара нешто, ние се чувствуваме почестени, додал тој.
 
Одговара и на прашањето доколку сте на местото на МЕК, дали би сакале да заминете?

- Го разбираме гневот против режимот во нивната земја. Но,  нашата држава да се користи како логор во војна која не е наша, не функционира. Се разбира, тие имаат целосно право да се борат за својата слобода, но за да го направат тоа мора да ја напуштат Албанија, одговорил Рама.

Во кампот "Ашраф 3"  кај Драч пред девет години беа сместени над три илјади а моментно се околу 2.500 муџахедини.

На 20 месецов полицијата изврши претрес како дел од борбата против сајбер нападите и тероризмот а следуваа по истрагите што започнаа за кибер нападите со кои се соочи Албанија пред една година. Тие се сомничат дека се резултат на напади кои претходно биле извршени врз Иран од албанска територија.
 

Полициските службеници наидоа на отпор од дел на муџахедините а беа запленети компјутери, УСБ, и други материјали кои муџахедините се обиделе да ги запалат. вт/
фото ЕПА

Остани поврзан