• сабота, 21 декември 2024

Рама во посета на Унгарија

Рама во посета на Унгарија

Тирана, 11 октомври 2024 (МИА) – Премиерот на Албанија, Еди Рама денеска ќе престојува во официјална посета на Унгарија.

Предвидено е Рама да се сретне со неговиот унгарски колега Виктор Орбан, а се очекува и потпишување договор во земјоделскиот сектор.

Албанија има консолидирани односи со Унгарија. Во 2021 година, премиерот Рама беше во официјална посета на Будимпешта. Две години подоцна Виктор Орбан дојде во Тирана, каде беа потпишани неколку договори. вт/ми/

Остани поврзан