• петок, 03 мај 2024

Ракометарките убедливо ја совладаа Литванија

Ракометарките убедливо ја совладаа Литванија

Скопје, 7 април 2024 (МИА) - Македонските ракометарки убедливо ја совладаа Литванија со 34:24 (18:12) во последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство, кое ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Денешниот триумф над Литванија беше без резултатско значење, откако Македонија уште во минатото коло го обезбеди учеството на континенталниот собир.

Најефикасни во составот на Македонија беа Седлоска и Ризоска со по шест постигнати гола, Младеновски постигна четири, Мицевска запиша седум одбрани.дс

Фото: Архива

Остани поврзан