• среда, 01 мај 2024

Ракометарките поразени од Шпанија во квалификациите за ЕП

Ракометарките поразени од Шпанија во квалификациите за ЕП

Скопје, 29 февруари 2024 (МИА) - Женската ракометна репрезентација претрпе пораз од Шпанија со 31:19 (17:11) на средбата која вечерва се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ во рамките на квалификациите за Европското првенство кое оваа година ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцаријa.

Во третиот меч од квалификациите, за женската ракометна репрезентација ова беше прв пораз.

Шпанките беа доминантни на теренот во Скопје, а нашите ракометарки пружија слаб отпор и на крајот беа убедливо поразени.

Барбоса беше најпрецизна со 7 гола за победничиот тим, додека за македонската репрезентација Ристовска со 6 гола беше најдобар стрелец.

Двете селекции повторно ќе се соочат во Ланзароте на 3 март.дс  

Фото: РФМ

Остани поврзан