• понеделник, 24 јуни 2024

Ракометарките на Ѓорче Петров убедливо го совладаа тимот на Тиват

Ракометарките на Ѓорче Петров  убедливо го совладаа тимот на Тиват

Скопје, 24 септември 2023 (МИА) – Екипата на Ѓорче Петров со победа ги започна натпреварите од Европскиот куп. Исто како и лани така и оваа сезона „лавиците“ настапот во Европскиот куп го почнаа од втората рунда.

 

Во третото по ранг европско натпреварување тие вечерва во спортската сала „Автокоманда“, забележаа убедлив триумф со 43:22 над црногорскиот тим Тиват.

 

Реваншот е закажан на 1 октомври во Црна Гора.

 

Мината сезона Ѓорче Петров се пласираше меѓу најдобрите 16 екипи, односно го мина и второто и третото коло. зс/

Остани поврзан