• петок, 10 мај 2024

Ракометарите на Еурофарм Пелистер повторно поразени од Пик Сегед со 28:27

Ракометарите на Еурофарм Пелистер повторно поразени од Пик Сегед со 28:27

Битола, 22 ноември 2023 (МИА) - Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја пропуштија шансата да го освојат првиот бод во европската Лига на шампионите.

Вечерва битолчани немаа спортска среќа и беа поразени од Пик Сегед со 28:27 (15:12).

За разлика од претходните средби, кога пелистерци добро стартуваа  а лошо финишираа, вечерва одиграа одлично второ полувреме кое можеше да заврши со победа доколку судиите од Франција не направеа грешки кои директно влијаеа на текот на натпреварот.

Пелистерци успешно ја стопија предноста на Пик Сегед која во еден момент изнесуваше пет голови, но во последните секунди од средбата незаслуженонбеа поразени.

Најефикасни поединци вечерва беа Шоштариќ со 7 постигнати голови за гостите, а хо тимот на РК Еурофарм Пелистер се истакнаа Борзаш со 6 и повратникот во Битола, Филип Кузмановски со 5 голови. мт/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан