• среда, 01 мај 2024

Ракометарите ги добија противниците за квалификациите на ЕП 2026

Ракометарите ги добија противниците за квалификациите на ЕП 2026

Копенхаген, 21 март 2024 (МИА) - Ракометната репрезентација на Македонија денеска во Копенхаген ги доби ривалите за квалификациите за пласман на ЕП 2026, кое по две години ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

Македонија ќе игра во Групата 1 заедно со Слованија, Литванија и Естонија.

Во квалификациите учествуваат 32 репрезентации, кои се поделени во осум групи по четири селекции.

Пласман на Европското ќе обезбедат првите две репрезентации од сите осум групи и четирите најдобро третопласирани селекции. 

Квалификациите почнуваат на 4. октомври, а ќе траат до 11. мај 2025 година. дс

Фото: ЕХФ

Остани поврзан