Ракетен напад врз штаб на американската армија во Багдад, нема жртви
- Рано утрово четири „мали ракети“ го погодија седиштето на воената коалиција предводена од САД во Багдад, но немаше жртви, изјави портпаролот на коалицијата.
Багдад, 16 февруари 2020 (МИА) - Рано утрово четири „мали ракети“ го погодија седиштето на воената коалиција предводена од САД во Багдад, но немаше жртви, изјави портпаролот на коалицијата.
Ирачката војска соопшти дека три ракети „качуша“ ја погодиле Зелената зона, во која се сместени Амбасадата на САД, други странски мисии и зградите на ирачката влада.
Во соопштението се наведува дека четвртата ја погодила блиската логистичка база на ирачките безбедносни сили.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападите. јт/