• понеделник, 23 декември 2024

Разрешувања во раководството на военото разузнавање на Северна Кореја

Разрешувања во раководството на военото разузнавање на Северна Кореја
Пјонгјанг, 15 мај 2020 (МИА) - Шефот на  шпионските операции на армијата на Северна Кореја е сменет без образложение, кусо време после мистериозното дваесетдневно исчезнување на лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун. Покрај шефот на воените разузнавачи, сменет е и шефот на обезбедувањето на Ким, Јун Џонг Рин. Севернокорејската воена разузнавачка служба е еден од клучните столбови на власта и западот ја смета за одговорна за многу акции, вклучувајќи и напади врз дисиденти и торпедирањето на јужнокорејскиот воен брод пред десетина дена. Чистката во воената разузнавачка служба следува по шпекулациите за здравствената состојба на Ким до кои дојде откако тој дваесетина дена „исчезна“ од јавноста. Ким Џонг Ун кусо се појави на отворање на една фабрика, но веднаш потоа повторно се повлече од јавноста. јт/

Остани поврзан