• сабота, 18 мај 2024

Разговор со словенечкиот писател Рок Вилчник

Разговор со словенечкиот писател Рок Вилчник

Скопје, 4 декември 2023 (МИА) - Разговор со словенечкиот писател Рок Вилчник - рокгре и промоција на неговото творештво ќе се одржи денеска во литературно кафе „Метаноја“ во Скопје. Промотор на настанот ќе биде д-р Коста Милков.

Стихови во превод на македонски јазик на Теодора Кркачева и Влајко Марјановиќ ќе интерпретира Винсент Вилчник. Истовремено, настанот ќе биде збогатен и со краток музички репертоар во изведба на Ребека Влаисављевиќ.

Мултимедијалниот уметник Рок Вилчник - рокгре, е еден од најзначајните словенечки современи драматурзи. Се занимавал со ликовна уметност, има објавено четири стихозбирки, четири романи, повеќе од 35 драмски текстови и учествувал во проекти на многу словенечки театри. Драмските текстови на Вилчник биле девет пати номинирани за Грумовата награда; три пати ја добил Грумовата награда, за драмите „Тоа“ (2000), „Ѓубре на месечината“ (2008) и „Народен демократски циркус Сакешвили“ (2016).

Промоцијата е финансиски поддржана од Јавната агенција за книга на Република Словенија и Европската фондација за регионални развој.бт/аа/

Фото: Организаторот на настанот

Остани поврзан