• недела, 06 октомври 2024

Радев: Среднорочно најголем проблем за Бугарија е инфлацијата, долгорочно - демографијата

Радев: Среднорочно најголем проблем за Бугарија е инфлацијата, долгорочно - демографијата

Софија, 7 февруари 2023 (МИА) -  На среден рок, најголем проблем за Бугарија е инфлацијата, долгорочно - демографијата. Тоа мислење го искажа претседателот на Бугарија, Румен Радев на форумот „Светот пред 2023 година“.

Тој истакна дека Бугарите имаат најниски лични заштеди во Европската унија.

„Разликата меѓу бруто домашниот производ по глава на жител меѓу Софија и последната општина е четири и пол пати, истакна Радев.

„Ова не е добро за една развиена европска земја, каква што тврди Бугарија“, додаде тој.

Според претседателот на Бугарија, големо прашање е до кога и како државата и европските институции ќе помагаат, јави БТА. зш/

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан