• петок, 22 ноември 2024

Радев: Бугарија категорично ја поддржува Црна Гора на патот кон ЕУ

Радев: Бугарија категорично ја поддржува Црна Гора на патот кон ЕУ
Софија, 11 јули 2022 (МИА) - Претседателот на Бугарија Румен Радев, кој е во посета на Црна Гора, изјави дека Бугарија категорично ја потврдува поддршката за европскиот пат на Црна Гора, пренесува БНР. Како што јави дописникот на МИА од Софија, по средбата со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во историската престолнина Цетиње, Радев изјави дека Црна Гора е најнапредната земја во процесот на проширување на Европската унија. Неодамна и Румен Радев изјави дека Бугарија ќе очекува да ја пречека Црна Гора како полноправна членка на европското семејство. - Бугарија се надева дека патот кон реформите ќе биде забрзан и заедно ќе го означат конечниот успех на Црна Гора на патот кон пристапување во Европската унија. Бугарија е подготвена да помогне со експертиза за зајакнување на институциите на Црна Гора за решавање на сите важни прашања не само во процесот на пристапување, туку и потоа, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев. Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, од своја страна, се заблагодари на Бугарија за поддршката на европскиот пат на неговата земја, велејќи дека најголемата инвестиција на ЕУ за мирот и стабилноста на Европа е интеграцијата на Западен Балкан. „Затоа е многу важно нашите соседи да ја претстават оваа тема на вистински начин пред европските центри“, рече Ѓукановиќ. Според него, важно е соседите да ја знаат историјата на регионот, како и неговите дефицити и правилно да проценат што е потребно за неговиот развој. Тој истакна дека не треба да има вакуум во геополитиката. нк/паг/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан