Радевска-Стефкова и Герасимовски поднесоа оставки од Судскиот совет
- Членовите на Судскиот совет Мирјана Радевска-Стефкова и Зоран Герасимовски поднесоа оставки од функциите, потврдија за МИА од Судскиот совет.

Скопје, 6 јуни 2023 (МИА) - Членовите на Судскиот совет Мирјана Радевска-Стефкова и Зоран Герасимовски поднесоа оставки од функциите, потврдија за МИА од Судскиот совет.
Апелациониот судија Зоран Герасимовски и врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова беа избрани за членови на Советот на непосредни избори, од редот на судиите.
Оставките се депонирани денеска во архивата на Судскиот совет, а причините засега се непознати.бк/са/