Работно време на Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ за претстојниот викенд
- Шалтерите за наплата во Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје утре ќе работат само прва смена од 7:30 до 15:30 часот, додека, пак, во сабота нема да работат.

Скопје, 9 јуни 2022 (МИА) - Шалтерите за наплата во Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје утре ќе работат само прва смена од 7:30 до 15:30 часот, додека, пак, во сабота нема да работат.
Како што информираат од претпријатието, со редовни работни активности ќе се продолжи во понеделник.
- Ве повикуваме да ја искористите можноста дадена преку електронските сервиси на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, со која нашите услуги се поблиску до вас, стои во соопштението од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. ар/ац/