• среда, 15 мај 2024

Работнички убедлив против ФМП, Кожув поуспешен од Гостивар

Работнички убедлив против ФМП, Кожув поуспешен од Гостивар
Скопје, 1 февруари 2020 (МИА) – Три натпревари од 14.коло на Првата македонска кошаркарска лига се одиграа вечерва по кои четири екипи на врвот имаат по 24 бода. Работнички очекувано го совлада ФМП со 88:60. На овој дуел навивачите во „Градски парк“ му оддадоа последен поздрав на трагично загинатиот Благоја Георгиевски – Буштур кој е легенда на Работнички. Убедлив триумф забележа и Еуро Никел над МЗТ Скопје Уни Банка со 80:65. Најнеизвесно беше на средбата Кожув – Гостивар која ја добија гевгеличани со 87:82. Утре играат: МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер и Вардар – Куманово. Табела пред комплетирање на 14.коло: Кожув, Работнички, Гостивар, Еуро Никел по 24 бода, МЗТ Скопје Аеродром 23, Куманово 20, Пелистер 19, Академија ФМП 17, Вардар 15, МЗТ Скопје Уни Банка 14. зс/

Остани поврзан